Screenshot

САД инвестираат милијарди во критични минерали, Македонија сè уште го чека Иловица

July 16, 2026
1 min read

Критичните минерали стануваат сè поважен ресурс за глобалната економија, а САД вложуваат сериозни средства за да обезбедат стабилно домашно снабдување. Американската администрација донесе одлука за создавање стратешки резерви од критични минерали во вредност од 12 милијарди долари, со цел да ја намали зависноста од увоз и да ги поддржи индустриите како автомобилската, енергетската, електронската и одбранбената.

Во Македонија, иако се потврдени значајни резерви на бакар и антимон, нивниот потенцијал останува неискористен. Во Иловица беше најавена инвестиција од околу 350 милиони евра за отворање рудник, која требаше да биде најголемата гринфилд инвестиција во земјата. Според проценките на „Еуромакс Ресоурцес“, проектот би генерирал над 180 милиони евра годишен извоз и би придонел за раст на македонскиот извоз од околу 4%.

Дополнително, во близина на Крива Паланка се испитуваат капацитетите на антимон, а истражувањата со пет милиони евра ги финансира Министерството за енергетика на САД (DoE), преку Стратешкиот дијалог со Македонија. САД изминатиов период потпиша повеќе големи договори за снабдување со критични минерали, со Европската Унија, Јапонија, Канада и други земји. Во домашната Стратегија за минерални суровини 2026-2046, чиј носител во изработката беше МАНУ, се истакнува дека ваквите договори можат да донесат бенефити.

„Минерално богатите држави, особено оние што се во развој, може да имаат голем економски бенефит доколку потенцијалот од ваквата ситуација го искористат на правилен начин. Градењето на доверливи партнерства помеѓу државите добавувачи и државите корисници, мултилатералната соработка и транспарентноста се есенцијални во процесот на зголемување на производствените капацитети на критични минерални суровини и материјали“, се наведува во текстот на Стратегијата.

Вашингтон пак, продолжува со силни инвестиции во рударството и преработувачката индустрија. Министерството за енергетика на САД на почетокот на јуни додели 15 милиони долари за два проекта што ќе воспостават регионални конзорциуми за забрзување на развојот на нови синџири на снабдување со критични минерали и материјали од неконвенционални и секундарни суровини – во сојузните држави Невада и Џорџија. Други 134 милиони долари без издвоени за проекти во Минесота и Луизијана.

„Градењето на домашни синџири на снабдување за критични минерали значи дека сфаќањето на вредноста на неконвенционалните суровини може да ги зајакне синџирите на снабдување за американското производство и производството на основни технологии“, изјави помошничката секретарка за енергетика, Одри Робертсон.

Само во изминатиов месец мај, американското Министерството за енергетика додели 45,7 милиони долари за 19 проекти кои имаат за цел да ги пополнат празнините во домашниот синџир на снабдување со критични минерали. „Финансирањето поддржува развој на пилот-проекти за преработка на ретки земни елементи и критични минерали“, соопшти институцијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси испиша историја, па го спомна и Марадона: Ова е мој подарок за него…(ВИДЕО)

Следно

Преживување во лето во канцеларија: Правила што никој не ги напишал, а сите ги почитуваат

Latest from Blog

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј
Go toTop