Началникот на Вооружените сили на Германија: Македонија е значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа

July 16, 2026
1 min read

Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа, рече началникот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, кој е во официјална посета на Армијата.

dobivaj vesti na viber
По приемот со високи воени почести, во Генералштабот тој оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

За време на средбата со генералот Лафчиски беше реафирмирана долгогодишната соработка меѓу двете армии, која се реализира преку заеднички обуки, вежби, развој на способности и други форми на билатерална воена соработка.

Во текот на официјалните разговори се дискутираше и за актуелната регионална и глобална безбедносна состојба, безбедносните предизвици во зоната на операции на Алијансата, регионалните планови на НАТО за Југоисточна Европа, учеството во меѓународни мисии и операции, како и за процесот на модернизација и опремување на Армијата. Пред делегацијата беа презентирани и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, кој е еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа.

За време на официјалната посета, генералот Бројер оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски, на која беше потврдена одличната билатерална одбранбена соработка, изградена врз доверба, заеднички вредности и силна посветеност на колективната одбрана.

Соговорниците истакнаа дека двете земји активно работат на натамошно зајакнување на соработката, која ќе придонесе за унапредување на одбранбените капацитети на македонската Армија.

Во изјавите за медиумите, генералот Лафчиски потенцираше „На денешните разговори ја потврдивме нашата заедничка определба дека ние, сојузниците, сме обединети околу нашата примарна мисија – заштита на секоја педа од територијата на НАТО“, нагласувајќи дека Армијата останува целосно посветена на спроведување на одлуките на Алијансата и усвоената Декларација на Самитот на НАТО во Анкара.

Генералот Бројер истакна дека Германија отсекогаш ја поддржувала нашата држава на нејзиниот пат кон членството во НАТО, а по приемот во Алијансата партнерството меѓу двете земји дополнително се продлабочи.

Тој нагласи дека Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа и дека нејзиниот придонес кон регионалната и колективната безбедност е високо ценет од Германија.

„Нашата заедничка цел е јасна – да го зајакнеме европскиот столб на НАТО преку единство, развој на способности, конкретен воен придонес и преку тесна соработка меѓу доверливи сојузници, партнери и пријатели“, рече генералот Бројер во изјавата за медиумите.

Во рамките на посетата на нашата држава, генералот Бројер ќе оствари средби и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Посетата на генералот Бројер претставува потврда на докажаното билатерално партнерство меѓу Армијата и Вооружените сили на СР Германија, како и на заедничката определба за понатамошно унапредување на соработката во интерес на регионалната и колективната безбедност“, велат од Армијата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преживување во лето во канцеларија: Правила што никој не ги напишал, а сите ги почитуваат

Следно

ЕУ нема време за Македонија: БОРБАТА Е ЖЕСТОКА, ОВА ВО БРИСЕЛ НЕ МОЖАТ ДА ГО СОКРИЈАТ

Latest from Blog

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на
Go toTop