Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да не се блокираат границите, а бугарските организации во Македонија да не се означуваат како антимакедонски

June 18, 2026
1 min read

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски.

„Им обрнуваме внимание на одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е неодржливо и непродуктивно да се дефинираат бугарски организации како ‘антимакедонски’ поради различните проценки и ставови за состојбата на билатералните односи и политиката на властите во Скопјe. Плурализмот е карактеристична црта на демократијата и неговата манифестација не е насочена ‘против’ никого, туку има за цел да отвори меѓуопштествен дијалог како предуслов за градење слични наративи и разбирање“, се вели во реакцијата на Амбасадата, која „моли“ и да не бидат блокирани патиштата меѓу двете земји.

„Го поддржуваме правото на мирен граѓански протест како фундаментално право во секое вистински демократско општество. Во исто време, категорично бараме да не се предизвикуваат блокади на граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија“, повикува Амбасадата.

„Интересот на нашата земја бара од нас да бидеме отворени кон нашите југозападни соседи, да ги предизвикаме да се запознаат со модерната бугарска култура, да ги поттикнеме контактите меѓу долго разделените семејства, да ја продлабочиме економската соработка и трговијата. Ова е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата. Само на овој начин ќе ги потсетиме нашите соседи колку сме блиски и кои се придобивките не само од нашата заедничка историја, туку и од нашата заедничка иднина во Обединета Европа. Изразувањето на незадоволството и загриженоста на бугарското општество за она што се случува во Скопјe треба да има конструктивен и европски карактер“.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: ДУИ не го поддржа унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“

Следно

ФИЦО ПРЕЖИВЕА И ГЛАСАЊЕ ПО АТЕНТАТОТ: Словачкиот парламент изгласа доверба на владата

Latest from Blog

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог објави Скопје1.мк

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Во реакцијата се

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите
Go toTop