Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

July 4, 2025
1 min read

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата. 

Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени во традиционалните галички свадбарски носии, на настанот ќе говорат Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница Галичник, и Марија Мининчиќ, менаџер за партнерства со заедницата на Пивара Скопје – традиционален  партнер на Галичка свадба. 

Манифестацијата  ќе се одржи на празничниот петровденски викенд, од 11 до 13 јули во Галичник.

Конкурсот за избор на младенци за Галичка свадба 2025 беше отворен до 20 април.  Согласно конкурсот, предност при изборот имаат кандидати со потекло од Галичник (двајцата или еден од нив), веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога, кои се активни членови на месната заедница и се парови за кои тоа ќе биде прв црковен брак.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Следно

Денеска на Табановце почнува со работа системот „One stop shop“

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална
Go toTop