Претставување на македонската поетеса Николина Андова Шопова на поетски фестивал во Братислава

November 20, 2023
1 min read

Познатата македонска поетеса, Николина Андова Шопова беше претставена на поетскиот фестивал Ars Poetica во Братислава, Словачка.

Избор од нејзината поезија беше објавен од издавачката куќа ARS POETICA во превод на словачки јазик од Звонко Танески, со поддршка од македонското Министерство за култура.

Шопова учествуваше во програмата на фестивалот на 17 ноември во култниот V-club, мултимедијалниот културен центар кој претставува средиште на слободната мисла уште од времето на социјализмот. Фестивалот кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата Versopolis оваа година се одржува од 15 до 22 ноември под мотото Cherchez la femme (БАРАЈТЕ ЈА ЖЕНАТА) и е посветен исклучиво на жени авторки и нивна афирмација.

Во рамките на програмата на Фестивалот, на словачката поетеса Мартина Стракова ѝ беше врачена плакетата со наградата „Мостови на Струга“, меѓународна награда што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО за дебитантска книга од млади автори до 35 години.

Стракова беше добитничка на наградата во 2020 година за нејзината дебитантска книга „Разгледници од невидливите места“, но заради ковид пандемијата не беше во можност да учествува на фестивалот со физичко присуство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија со голем бод против Англија во Скопје

Следно

Агелер за проширената „црна листа“: Се надевам дека институциите навистина ќе преземат нешто, граѓаните заслужуваат корупцијата да биде гонета

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop