Претставничкиот дом на САД одобри декласификација на разузнавачките податоци за потеклото на Ковид

March 10, 2023
1 min read

Претставничкиот дом на САД едногласно го поддржа симнувањето на ознаката за тајност од американските разузнавачки информации за потеклото на Ковид-19.

Одлуката ја поддржаа сите пратеници на Републиканската и Демократската партија, без ниту еден воздржан – резултатот беше 419:0, а останува само да биде потпишан од претседателот на државата Џозеф Бајден за да стапи на сила.

Парламентарната дебата беше кратка и се задржа на темата: Американците сакаат да знаат како настанал смртоносниот вирус и што може да се направи за да се спречат идни епидемии.

„Американската јавност заслужува одговори во поглед на секој аспект на пандемијата со Ковид-19“, рече републиканскиот конгресмен Мајкл Тарнер од Охајо, кој претседава со Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом.

Според него, тоа вклучува одговори на прашањата „како е создаден овој вирус, а особено дали неговото потекло е природно или е резултат на некое лабораториско случување“.

Експертите велат дека потеклото на вирусот, од кој само во Америка починаа повеќе од милион луѓе, веројатно нема да се знае многу години – ако некогаш и се дознае.

Претходно, Претставничкиот дом, кој сега е под контрола на републиканците, назначи комисија за да го испита потеклото на вирусот.

Доколку одлуката биде потпишана од американскиот претседател, бараните податоци ќе мора да бидат декласифицирани во рок од 90 дена.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Три“ со ново издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски

Следно

СЕ ВРАЌААТ МИНУСНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ни доаѓа температурен шок во Македонија, но до крајот на месец март не очекува вистински пресврт (ФОТО)

Latest from Blog

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂,
Go toTop