Претседателски избори во Црна Гора: Милатовиќ сигурен во своја победа, Ѓукановиќ најавува ново време

1 min read

Во Црна Гора денеска се избира меѓу двајцата кандидати што влегоа во вториот круг од претседателските избори – Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ. До 12 часот гласале околу 168,7 илјади гласачи или 31,1 отсто, соопшти Центарот за демократска транзиција

Во Црна Гора почнува ново, подобро време, во кое земјата ќе продолжи ефикасно и стабилно да се движи кон својата европска цел, изјави претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, по гласањето во вториот круг од претседателските избори.

Ѓукановиќ очекува денеска сите граѓани да имаат можност да ја изразат својата изборна волја, со цел трајно да придонесат за зајакнување на впечатокот за Црна Гора како зрело демократско општество.

Кандидатите за претседател на Црна Гора – Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ

„Верувам дека ќе биде така и верувам дека државните институции, без разлика на грешките што веќе се случија, ќе продолжат да работат професионално и ќе придонесат за таков изборен процес и таков впечаток за Црна Гора“,

најави Ѓукановиќ.

Претседателскиот кандидат на движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ пак изјави дека е сигурен во својата победа и дека единствено прашање е колкава ќе биде разликата меѓу него и кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Ѓукановиќ.

По гласањето во Подгорица, Милатовиќ изјави дека денеска е историски ден и посака изборниот ден да помине добро.

„Верувам дека Црна Гора конечно е зрела како општество да ги смени претседателот и владата со молив. Дека конечно станавме демократски зрело и развиено општество“,

рече Милатовиќ.

Според него, на овој начин ќе дојде до конечниот пораз на симболот на претходниот режим што владееше со Црна Гора во претходните 30-тина години.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

На средбата Ковачевски – Вучиќ – Рама во Италија се разговарало и за можноста за отворање на границите меѓу трите земји

Следно

Папата Франциск денеска ја водеше мисата за Цветници откако вчера излезе од болница

Latest from Blog