Претседателот Пендаровски ги посети транзитниот центар Винојуг на јужната граница на државата и припадниците на Армијата во Млаз Богданци

December 19, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар Винојуг – Гевгелија, каде разговараше со претставници на институциите и организациите коишто се ангажирани таму, за нивните тековни активности, регистрацијата на мигрантите и нивниот третман.

Претседателот Пендаровски го посети семејното катче каде што се врши едукација на мигрантите. Таму беше информиран за тековните активности во однос на нивната психо-социјална заштита и ментално здравје. Во разговорот со дел од лицата коишто ги користат овие услуги, претседателот беше запознаен со нивните лични приказни и сведоштва, како и со досегашните искуства од престојот во земјата.

реклама

Во разговор со претставници на надлежните институции, претседателот Пендаровски беше информиран за капацитетите на транзитниот центар, како и за целокупната состојба на јужната граница, имајќи предвид дека таму на сила е одлуката за постоење кризна состојба. Истовремено, беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период. Од почетокот на годинава, во земјава се регистрирани речиси 10 илјади мигранти, главно од Сирија, Мароко, Авганистан и Пакистан. Соговорниците ја нагласија потребата од натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, поддршка во јакнењето на националните капацитети, но и соработка со земјите на потекло на овие лица.

При посетата на Винојуг, претседателот Пендаровски разговараше и со претставници на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), водечка агенција на Обединетите Нации за миграција. Тие го запознаа со нивните тековни активности во насока на соодветен третман на мигрантите, меѓународната соработка, изнаоѓање практични решенија за миграциските предизвици и хуманитарна помош.

реклама

Претседателот Стево Пендаровски попладнево ги посети и припадниците на Армијата коишто се сместени во објектот во Млаз Богданци. Во разговор со нив, војниците и старешините го запознаа со нивните активности и ангажманот при справувањето со нелегалните премини на нашата јужна граница.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Армијата побара мобилизација на уште 450-500 илјади луѓе

Следно

Спасеновски: Погрешно е кога институциите преземаат обврски што не може да се испочитуваат како уставните измени – ЕУ важна цел и потребна е поголема одговорност

Latest from Blog

Илија Најдоски: Репрезентацијата е над секој поединец

Поранешниот репрезентативец Илија Најдоски упати сериозна критика кон поранешниот селектор Игор Ангеловски, реагирајќи на неговите јавни изјави и однесување во врска со актуелните случувања околу македонската фудбалска репрезентација. „Начинот на кој Ангеловски

Коњановски: Битола ја јакне поддршката за „Специјална олимпијада“

Општина Битола и Спортскиот клуб „Специјална олимпијада – Битола“ потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешка, долгорочна и одржлива соработка насочена кон развој на спортските активности и инклузијата на лица

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе

Фото: Бикините на Дуа Липа

Партнер на оваа егзотична дестинација и е момчето Калум Тарнер. На радост на фановите Липа своите следбеници на социјалните мрежи редовно ги информира за дневните активности. Според фотките може да се забележи дека
Go toTop