Претседателот на Мексико, Обрадор, накратко се онесвести поради КОВИД

April 27, 2023
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор, изјави дека „накратко се онесвестил поради КОВИД-19“, известува Анадолу.

Во видеопораката што ја објави Канцеларијата на претседателот, Обрадор информираше за својата здравствена состојба.

Тој рече дека за време на состанокот со воените офицери во градот Мерида, во државата Јукатан, „накратко се онесвестил бидејќи му паднал притисокот“ поради КОВИД-19.

Обрадор рече дека со хеликоптер на итна помош бил пренесен во главниот град Мексико Сити. Зборувајќи дека обично има проблеми со срцето, посочи дека овој пат влошувањето на неговото здравје „не е предизвикано од срцето“.

Лекувањето ќе го продолжи во домашни услови, а министерот за внатрешни работи Адан Агусто Лопез Хернандез ќе одржува дневни брифинзи за новинарите додека Обрадор не оздрави.

Обрадор (69), кој во 2021 година двапати беше заразен со КОВИД-19, има доживеано срцев удар во 2013 година, а во 2022 година му е извршена срцева катетеризација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Започна гласањето на турските иселеници во Европа за претседателските и парламентарните избори

Следно

Приведена скопјанка поради кражба во продажен објект

Latest from Blog

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. „Нашиот став е непроменет: само украинскиот

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Финалниот натпревар

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект
Go toTop