Претседателот на Би-би-си поднесе оставка – експремиерот Џонсон наводно помогнал во неговото назначување

April 28, 2023
1 min read

Во независниот извештај, како што пишува Би-би-си, се наведува дека претседателот на британскиот јавен сервис Ричард Шарп не успеал да открие два потенцијални конфликти на интереси додека аплицирал за претседателската функција на британскиот радиодифузер

Се испитува начинот на кој Шарп бил избран од владата да претседава со корпорацијата во 2021 година и дали целосно обелоденил детали за неговата улога во олеснувањето на заемот од еден милион долари за Џонсон пред да биде именуван за претседател

Претседателот на Би-би-си Ричард Шарп поднесе оставка откако независен извештај покажа дека ги прекршил правилата за транспарентност во врска со неговите односи со тогашниот британски премиер Борис Џонсон.

Во извештајот, како што пишува Би-би-си, се наведува дека тој не успеал да открие два потенцијални конфликти на интереси додека аплицирал за претседателската функција на британскиот радиодифузер.

Првиот потенцијален конфликт на интереси се однесува на тоа што Шарп му кажал на тогашниот премиер Борис Џонсон дека сака да аплицира за оваа позиција пред да го стори тоа, имајќи предвид дека Џонсон го имал последниот збор за тоа кој ќе ја добие работата.

„Вториот потенцијален судир на интереси се однесува на тоа што Шарп му кажал на Џонсон дека има намера да организира состанок меѓу највисокиот државен службеник во Обединетото Кралство и милионер кој сакал да му помогне на премиерот со неговите финансии“,

пишува Би-би-си.

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британскиот јавен сервис е под притисок откако беше откриено дека Шарп, поранешен банкар на Голдман Сакс и донатор на Конзервативната партија, му помогнал на Борис Џонсон во 2021 година да добие заем, по што владата го назначи на функцијата претседател на јавниот медиумски сервис.

Се испитува начинот на кој Шарп бил избран од владата да претседава со корпорацијата во 2021 година, поконкретно, дали целосно обелоденил детали за неговата улога во олеснувањето на заемот од еден милион долари за Џонсон пред да биде именуван за претседател.

Извештајот покажал дека иако тој го прекршил владиниот кодекс за јавни назначувања, тоа прекршување не мора да го поништи неговото назначување на чело на британскиот радиодифузер.

Претседателот на Би-би-си рече дека верува оти прекршувањето било ненамерно и нематеријално, но, рече и дека ако остане до крајот на неговиот мандат од четири години тоа би го одвлекло вниманието од добрата работа на радиодифузерот.

„Одлучив дека е правилно да се даде приоритет на интересите на Би-би-си. Затоа утрово поднесов оставка од функцијата претседател“,

рече Шарп.

Тој, сепак, рече дека ќе остане на функцијата претседател на Би-би-си до крајот на јуни додека трае процесот на именување на неговиот наследник.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Барањата и наредбите за прислушување повеќе нема да патуваат по курири и затворени плика

Следно

Шеикот Јасим и Сер Џим Ратклиф ги доставија последните понуди за купување на Манчестер Јунајтед

Latest from Blog

Претседателот на ТИКА, Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во Кочани што се лекуваат во Анкара

СКОПЈЕ (АА) – Шефот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани што се на лекување во главниот град

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да
Go toTop