Претседателот Џафери го претстави Мандатниот извештај пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ, САД, Обединетото Кралство и Делегацијата на ЕУ

January 23, 2024
1 min read

Претседателот Џафери, заокружувајќи го својот втор мандат како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, оствари протокалорна средба со амбасадорите на земјите-членки резидентни во земјава, замениците амбасадори на САД, Обединетото Кралство и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на која беше поделен и презентиран Мандатниот извештај за неговата работа во Собранието, но и на меѓународен план. 

Оваа средба, која е во ист формат како и на самиот почеток на неговиот прв мандат како претседател на законодавниот дом, на 12 мај 2017 година, е во насока на продолжување со транспарентноста и отчетноста и на неа ги презентираше плановите за идното функционирање на законодавниот дом. Претседателот Џафери накратко се осврна на постигнатите цели, оставајќи простор низ спонтана дискусија, амбасадорите да споделат свои видувања за работата на Собранието под негово водство. Тие воедно се интересираа за следните активности во пресрет на изборот на техничката Влада, за што претседателот Џафери ги информираше присутните со уставните рокови и деловничката процедура, како за изборот на нов претседател на Собранието, така и за изборот на техничката Влада, за распишувањето на претседателските и парламентарните избори и последователно, сите останати дејствија. 

Средбата претставуваше убава можност низ заеднички разговор да се споделат видувањата за работата на Собранието во изминатите два собраниски мандати. На средбата беа присутни и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и претставници од Кабинетот на претседателот и Службата на Собранието. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес во Кина, има и загинати

Следно

Казна од половина милион евра за компанија за млеко и млечни производи поради профитерство

Latest from Blog

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се
Go toTop