Претседателката Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори

November 12, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша Укази за отповикување на седум амбасадори.

Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји, и две организации.

Меѓу отповиканите е македонскиот амбасадор во НАТО, Дане Талеск, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година. За останатите мандатот завршува на 30 ноември годинава.

Отповикани се Данчо Марковски во Албанија, потоа Теуга Агаи Демјаха која е шефица на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Почна исплатата на Мој ДДВ

Следно

Доаѓа дожд- УХМР со најнова прогноза за времето до понеделник (Фото)

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop