Претседателите на турскиот и унгарскиот Парламент ја одбележаа 100-годишнината на билатералните односи

October 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на турскиот Парламент, Нуман Куртулмуш, и неговиот унгарски колега Ласло Ковер денес присуствуваа на настаните по повод 100-годишнината од дипломатските односи меѓу двата народа, што се одржаа во рамките на годината на културата Туркије-Унгарија 2024, јавува Анадолу.

По заедничката прес-конференција во турскиот Парламент, тие ја посетија турско-унгарската изложба на фотографии во Салата на честа.

Изложбата има за цел да ги поддржи долгогодишните културни врски меѓу двете земји и да го зајакне нивното културно наследство преку различни културни алатки.

Куртулмуш изрази надеж дека Унгарија наскоро ќе стане постојана членка на Парламентарното собрание на земји од туркиско говорно подрачје (TURKPA), новоразвиена платформа за меѓународните односи.

Двете земји организираа важни настани оваа година за одбележување на 100-годишнината од дипломатските односи, покажувајќи ја нивната посветеност за унапредување на билатералните односи.

Куртулмуш, исто така, изјави дека 2025 година е прогласена за турско-унгарска година на науката и технологијата, со заеднички настани кои ќе се одржат во двете земји.

„Унгарија моментално е членка набљудувач на ТУРКПА, но се надеваме дека во блиска иднина ќе стане постојана членка. Задоволство ни е да ја гледаме Унгарија како важен партнер во Туркискиот свет, со население од приближно 300 милиони, кој се протега од Централна Азија до Европа“, рече Куртулмуш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк

Следно

Законот за рамноправна застапеност и уставните измени заедно во Венецијанска

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со нови мерки за семејствата – прв дом без комуналии, повисок надоместок и бесплатна градинка

Од 1 јануари 2027 година, младите брачни парови до 35-годишна возраст во Општина Пробиштип нема да плаќаат комуналии при изградба на првиот сопствен дом. Од истиот датум, надоместокот за трето и

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

На само пет минути возење од скопската обиколница и 10 километри од центарот на градот, во Волково официјално започна со работа Винарија Душа. Новата дестинација е замислена како простор за организирани тури

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките.

Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“

Северодвинск – Рускиот претседател Владимир Путин официјално ја воведе во составот на Воената морнарица атомската подморница „Перм“, на церемонија на подигнување на поморското знаме во северниот руски град Северодвинск, пренесува ДПА. Церемонијата на

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег

Најниска температура утрово е измерена во Тетово шест степени, во Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид седум степени, во Битола осум степени, во Виница и Демир Капија девет степени и во Срумица 10. 
Go toTop