Претреси во Европарламентот поради руско мешање во европските избори

May 29, 2024
1 min read

Белгиската и француската полиција извршија серија истовремени рации во канцелариите на Европскиот парламент во Брисел и Стразбур, како и во домот на еден парламентарец.

Белгискиот обвинител вели дека вработениот имал „значајна улога“ во осомничената руска пропагандна операција која се инфилтрирала во Европскиот парламент. Холандскиот пратеник од ЕУ, Марсел де Граф, на платформата на социјалните мрежи Х потврди дека станува збор за неговиот парламентарен асистент Гијом Прадура, но се огради од обвинувањата.

– Немам никаков ангажман во која било таканаречена руска дезинформациска операција. Имам свои политички убедувања и ги објавувам. Тоа е мојата работа како европратеник. – изјави Марсел де Граф.

Граф беше избран во Европскиот парламент во 2014 година од екстремно десничарската Партија за слобода. Тој беше принуден да го напушти своето европско политичко семејство Идентитет и демократија поради проруски изјави во врска со инвазијата на Украина.

Неговиот помошник Прадура беше избркан од Националното собрание на Марин Ле Пен во 2019 година поради антисемитска слика, а претходно работеше како помошник на борбениот германски европратеник Максимилијан Кра, кој исто така е вмешан во истрага за кинеска шпионажа.

Претресите се дел од поширока истрага во која се сомнева дека руските служби им платиле на членовите на Европскиот парламент да шират проруска пропаганда во срцето на европските институциите во Брисел.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште 25 Палестинци се приведени од страна на израелските сили

Следно

Гаши молчи, опозиционерката Костадиновска Стојчевска му поднесе претставка за заклетвата

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop