Гаши молчи, опозиционерката Костадиновска Стојчевска му поднесе претставка за заклетвата

May 29, 2024
1 min read

Новиот собрансики спикер Африм Гаши само што седна во собраниската фотелја заработи преставка, а не се исклучува да се добие и кривична пријава за прекршување на Уставот.

По целодневен молк од новата опозиција вчера во Собранието, иако на извршен имало одлука да се дискутира, и неколку довикнувања од место за време на давањето на заклетвата на Гаши, најпрво на албански јазик, а потоа и повторена на македонски, пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска за ТВ 24 вели поднела претставка во инспекторатот за употреба на законот за употреба на македонски јазик, којшто допрва ќе треба да се формира во  министерството за култура.

Костадиновска Стојчевска поднела претставка и з апретседатвачот на седницата пратеничката Мерита Колчи Коџуџаку. Таа најавува и опција за кривична пријава. 

Новиот собраниски спикер иако уште на првиот ден заработи претставкиа, реши денеска да молчи зошто реши да не го почитува официјалниот јазик на државата. Молк и од пратениците на Христијан Мицкоски, а нема став ниту од Собранието. 

Дека новиот спикер требаше да го испочитува Уставот, во кој како прв официјален јазик стои македонскиот сметаат и дел од професорите. 

Новоизбраниот претседател Африм Гаши, вчера заклетвата најпрво ја даде на албански, па потоа и на македонски. А по тој редослед ја прочита и претседавачката со Собранието. 

За разлика од Гаши, Талат Џафери и во 2017 и во 2020 заклетвата  ја кажа на македонски јазик.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси во Европарламентот поради руско мешање во европските избори

Следно

ОФИЦИЈАЛНО: Винсент Компани во Баерн Минхен до 2027 година!

Latest from Blog

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на
Go toTop