Престрелка во Арачиново, пукано кон градоначалникот Ибраими

April 1, 2024
1 min read

Градоначалникот на Арачиново е неповреден во вооружената престрелка во која од автоматско оружје било пукано кон него. На влезот на селото има силно полициско обезбедување, кое ги контролира сите возила кои влегуваат во Арачиново. Полиција го чува и местото на престрелката.

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево и официјално го потврди вооружениот инцидент во кој повредени се двајца блиски соработници на градоначалникот Ридван Ибраими.

– На влез во село Арачиново машколице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот Ридван Ибраими, кој бил заедно со неколку лица. При тоа повредени се две лица кои биле заедно со градоначалникот. – велат од МВР.

Од МВР ги демантираат шпекулациите што се појавија во дел од медиумите дека во инцидентот е повреден полициски службеник.

Еден од повредените, кој се здобил со прострелни рани во градниот кош, е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а другиот, со рана на десното рамо, е примен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Од Ургентниот центар потврдуваат дека едно лице од Арачиново е донесено со рани од огнено оружје и истото е веднаш внесено во операциона сала.

Пукањето во Арачиново денеска е главна вест и во медиумите од регионот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Би-би-си: Мистериозната болест на американски дипломати поврзана со руското разузнавање

Следно

Над илјада маскирани дечиња на „Шеговил“ во Кисела Вода

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop