Преставата „Син“ на Дино Мустафиќ на фестивалот „РУТА“ 2023

October 6, 2023
1 min read

Преставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер вечерва на фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е во изведба на Камерни театар 55 од Сараево и нејзината премиера беше во мај на матичната сцена на театарот.На прес конференцијата говореа петмината актери од претставата која всушност раскажува приказна за семејството, за депресивниот тинејџер, растргнат меѓу разведените родители. Ликовите раскажуваат приказна за луѓето кои не прават ништо друго освен што се обидуваат да ги најдат вистинските зборови. „Добрата претстава, верувам, е претставата по која имате потреба да разговарате, да поставувате прашања, да анализирате и да дискутирате. По оние претстави што се извонредни може и долго да се молчи, да се седи во тишина, исто како по молитва, медитација или голема загуба. „Син“ е токму такво парче уметност, кое нѐ повикува на долга тишина и молк, но и на простување, смеа и плач. Дино Мустафиќ е режисер кој знае дека театарот е простор (и време) во кое имате можност, и привилегија, да се ставите во туѓата кожа, да прифатите туѓите искуства да станат ваши. Простор за емпатија. Простор во кој човечките емоции се секогаш поважни од фабулата или самиот след на дејства и изговарање на репликите. Раскажувањето на приказната, и покрај оган, како и она покрај поспаното дете, се чини магично, а токму таква магијасоздава актерскиот ансамбл на Камерниот театар 55, во претставата „Син“.Гледањето на претставата, исто како и кога се чита книга, ни овозможува да бидеме јунаци, во туѓите чевли да осетиме радост, болка, љубов, страдање, страв, тага,осаменост… А оваа претстава ни дава прилика да бидеме, по сопствена желба и одлука, синови, татковци и(ли) мајки“- истакнува во програмата за претставата Алмир Имширевиќ.

„СИН“

Автор: Флоријан Зелер Режија : Дино Мустафиќ Драматург: Ведран Фајковиќ Сценограф и костимограф: Адиса Ватреш Селимовиќ Композитор: Ирена Поповиќ Асистент композитор: Никола Драговиќ Продуцент: Сенан Алихоџиќ

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Дијалогот помеѓу Косово и Србија е единствениот пат за мир“

Следно

Експремиерот Емил Димитриев ќе биде асистент по социологија на УКИМ

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop