Експремиерот Емил Димитриев ќе биде асистент по социологија на УКИМ

October 6, 2023
2 mins read

„Мојата љубов кон социологијата и кон науката датира одамна. Имам дипломирано на Институтот за социологија, а и постдипломските студии ги продолжив на овој институт. Постдипломските студии ги започнав пред да имам политичка функција и поради тие обврски паузирав со научната дејност. Сега ѝ давам приоритет на социологијата, а во иднина ќе видиме што ќе се случува“, изјави Димитриев за „360 степени“

Димитриев дипломирал социологија во 2004 година. Во 2022 година магистрирал на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, на насоката современо македонско општество, а во учебната 2022/2023 година се запишал на докторските студии на овој институт, каде што тековно ги исполнува обврските во областа на социологијата на политиката под менторство на проф. д-р Ило Трајковски

Поранешниот премиер Емил Димитриев ќе биде асистент на Филозофскиот факултет по предметите Општа социологија, Социологија на политиката и политички систем.

Неговиот избор за асистент е објавен во Билтенот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје од 1.10.2023 година, а го предлага Рецензентска комисија во состав д-р Ило Трајковски, редовен професор на Филозофскиот факултет, д-р Константин Миноски, редовен професор на Филозофскиот факултет и д-р Билјана Ванковска, редовен професор на Филозофскиот факултет.

Емил Димитриев, експремиер и кандидат за асистент на УКИМ

„На објавениот конкурс за избор во соработничко звање – асистент за наставно-научните области општа социологија, социологија на политиката и политички систем, во предвидениот рок се пријави кандидатот м-р Емил Димитриев“,

пишува во Билтенот.

Емил Димитриев во изјава за „360 Степени“ вели дека неговиот избор сè уште не е дефинитивно потврден, односно дека по објавата во Билтенот следува одлука за избор за асистент од Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет.

„Мојата љубов кон социологијата и кон науката датира одамна. Имам дипломирано на Институтот за социологија, а и постдипломските студии ги продолжив на овој институт. Постдипломските студии ги започнав пред да имам политичка функција и поради тие обврски паузирав со научната дејност. Сега ѝ давам приоритет на социологијата, а во иднина ќе видиме што ќе се случува“,

посочи Димитриев.

На нашето прашање дали изборот значи дека ја напушта политиката, тој одговори:

„Докторатот ми е по предметот Социологија на политика, каде што може да се направи спој меѓу социологијата и политиката и да се пренесат искуствата од мојата политичка работа“,

додава тој.

Во Билтенот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ може да се види дека од приложените пет труда, четири објавил оваа година.

„Како студент на втор и трет циклус студии има објавено пет труда, четири како автор и еден како коавтор:

– Димитриев Емил (2023) Организираниот криминал континуитет на политичката агенда, Кочани: Европа 92, книга 184 страници;

– Димитриев Емил (2022) „Профил на лидерството во функција на националните, регионалните и светските предизвици“. Меѓународен дијалог – Исток – Запад, Право и политикологија, Година IX, Број 2: 299-302. Меѓународен славјански универзитет – Свети Николе (МСУ);

– Dimitriev Emil (2023) “Political parties as factor in the postmodernism” International journal – Knowledge Vol. 57 No. 1: 139-143;

– Dimitriev Emil (2023) “Organized crime as current political-security challenge” Безбедносни дијалози, Год. 14 бр. 1: 201-213, Филозофски факултет, Скопје;

– Pavlevski Aleksandar and Emil Dimitriev (2023) ”Peacebuilding and conflict transformation – Strategic aspects” Безбедносни дијалози, Год. 14 бр. 1:81-93, Филозофски факултет, Скопје“,

е наведено во Билтенот на УКИМ.

Димитриев вели дека неговите научни трудови се објавени согласно пропишаните законски процедури.

Во Билтенот е наведен образовниот и професионалниот развој на Димитриев.

„Во текот на својот професионален развој, кандидатот м-р Емил Димитриев има остварено многубројни стручни и апликативни активности од поширок општествен интерес (советник во кабинет на претседател на политичка партија; советник за стручна практика на Факултетот за психологија при МСУ – Свети Николе; Пратеник во Собранието на Република Македонија во два мандата; претседател на Владата на Републикa Мaкедонија; член на Националниот совет за евроинтеграции; член на комисиите на Собранието на Република Македонија за надворешни работи, за одбрана и безбедност и за политички систем; заменик-министер за одбрана; советник во Советот на Општина Пробиштип и др.) Кандидатот м-р Емил Димитриев во 2005 година завршил Школа за резервни офицери, Воена академија „Генерал Михаило Апосолски“ – Скопје. M-р Емил Димитриев посетувал обуки од областа на односи со јавноста, одбрана и безбедност, човечки ресурси, политички активизам, реализација на кампањи и други“,

се вели во Билтенот.

Димитриев е поранешниот премиер и пратеник, член на ВМРО-ДПМНЕ. Беше назначен за привремен премиер на Република С Македонија на 18 јануари 2016 година.

Неговиот мандат заврши на 1 јуни 2017 година, кога за премиер беше изгласан Зоран Заев.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преставата „Син“ на Дино Мустафиќ на фестивалот „РУТА“ 2023

Следно

Мицкоски: До нас стигнаа многу информации за многу сомнежи за сторен криминал на ДУИ и функционери на ДУИ и ние сме должни тоа да го објавиме и да се бориме против тоа

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop