Препродажба на Binance сметки: вистинската цена или замка?

October 1, 2025
1 min read

Во ерата на криптовалутите, каде што вредноста може брзо да се менува, се појавуваат и ризични практики – меѓу нив e и понудата за купување „готова“ Binance сметка. Водечката светска берза за криптовалути според обем на тргување и корисници Binance предупредува дека зад наводната погодност се крие сериозен безбедносен ризик.

Што точно се подразбира под препродадена сметка?

Препродадена или претходно користена сметка е онаа што во минатото ја управувал некој друг – со сопствени логин податоци, е-пошта или безбедносни подесувања. На прв поглед, таквите понуди може да изгледаат како „брз пат“ за влез во крипто светот, но Binance јасно укажува дека тие носат сериозни опасности.

 

Кои се најголемите ризици?

  • Компромитирани логин податоци – лозинки, кодови за враќање на сметка и други информации кои можат да бидат украдени или споделени од претходниот сопственик.
  • Малициозен софтвер – сметката можеби била користена на уреди заразени со вируси или тројанци.
  • Легални проблеми – ако сметката претходно се користела за сомнителни активности, новиот корисник може да биде вмешан и покрај тоа што не располага со никакви информации.
  • Неовластен пристап – претходниот сопственик може и понатаму да ја контролира сметката и да повлече средства.
  • Суспензија од страна на Binance – правилата на берзата строго забрануваат користење препродадени сметки, што значи дека сметката може да биде блокирана, а средствата изгубени.

Реален пример

Binance посочува пример каде препродадена сметка се нудела преку платформата Binance Square. Продавачот ја опишал како „подготвена за употреба“ со веќе формирано портфолио од алткоини и ја понудил по 90% од вредноста на портфолиото, што звучи како „поволна зделка“.

Сепак, Binance предупредува дека токму ова е мамка: вистинскиот сопственик може повторно да ја преземе контролата врз сметката, да ги повлече средствата или да предизвика правни проблеми за новиот „купувач“.

Како да се заштитите?

Binance им препорачува на корисниците:

  • Да креираат сопствена сметка наместо да користат претходно користена.
  • Да активираат двофакторска автентикација (2FA).
  • Да користат passkeys и апликации за автентикација, наместо само лозинки.
  • Да овозможат „whitelist“ за повлекување средства – трансакции само кон одобрени адреси.
  • Да управуваат со доверени уреди и да следат сомнителни активности.
  • Да се потпрат на SAFU фондот како дополнителна заштита.
  • Binance охрабрува и пријавување на секоја понуда за купување или продажба на препродадени сметки за да се заштити заедницата.

Она што изгледа како лесен пат кон пазарот на криптовалути најчесто е стапица. Најсигурниот пат секогаш е да се отвори сопствена сметка, правилно да се обезбеди и да се избегнуваат „кратки патишта“ што можат да донесат сериозни проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: Европа мора да ја зголеми конкурентноста и да инвестира во енергија и иновации

Следно

Алисон нема да може против Челзи

Latest from Blog

Energetika24.mk: Енергетска стабилност во време на криза – Оправдана и навремена одлука за објавување на состојбата со нафтените резерви

Улогата на институционалната транспарентност во стабилизацијата на домашниот пазар на нафтени деривати во актуелниот геополитички контекст добива суштинско значење. Заострените тензии на Блискиот Исток и потенцијалните ризици по глобалните снабдувачки рути, особено

Со 26 милиони денари инвестиција: Нов спортски комплекс во Битола

Започнаа градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во битолската населба „Стрелишта“ кое ќе има кошаркарско и ракометно игралиште според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари. Градоначалникот на Битола, Тони

Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор. Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од
Go toTop