Премиерот Мицкоски денес во посета на Неготино

February 26, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес ќе биде во посета на Општина Неготино каде што ќе означи почеток на изградба и реконструкција на повеќе проекти.

Премиерот Мицкоски во 11:15 часот ќе го пушти во употреба реконструираниот градски пазар со што жителите на општина Неготино добија нов и најсовремен затворен градски пазар. Вредност на пазарот: 25.913.899 ден со вклучен ДДВ, средства обезбедени од буџетот на Општина Неготино.

Потоа, уредување на урбан блок 5, урбана заедница 5.1 во Неготино-ВТОРА ФАЗА.

Отпочнување на градежни работи кои се однесуваат на изградба на комунална инфраструктура, уредување на цела населба.

Вредност на договорот за изградба на У.з 5.1 – ВТОРА ФАЗА изнесува 35.370.500,00 со ДДВ. Договор за финансирање од Министерството за транспорт 25.256.509,00 со ДДВ и кофинансирање Општина Неготино во вредност од 10.113.991,00 со ДДВ.

Оваа фаза од проектот беше аплицирана на Јавниот повик за финансирање на Министерството за локална самоуправа, а согласно соодветното министерство склучен е договор со Министерството за транспорт.

Првата фаза беше реализирана во вкупна вредност на проектот на износ од 15.930.000,00 денари – средства обезбедени од буџетот на Општина Неготино.

Понатаму, реконструкција на тротоари на ул. Маршал Тито на потегот од Либерта до полиција.

Вредност на проектот е 10.496.204,00 со ДДВ. Овој проект беше аплициран на Јавниот повик преку Министерството за локална самоуправа за финансирање на општините, надлежно министерство Министерството за транспорт.

Предвидено со овој проект е отстранување на стариот бетон и ивичњаци и отстранување на постоечките дрвја, тампонирање и монтажа на нови бекатон коцки и ивичњаци и засадување на нови дрва магнолии.

Предвидено е изјава за медиуми во 12:15 часот да даде премиерот Мицкоски на последната точка од настанот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска му врачи отказ на Марсин Лијевски

Следно

Андреас Трајковски ќе ја претставува Македонија на ЕП во атлетика во сала

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop