Премиерната изведба на претставата „Младоста последна умира“ во Лабораториум

December 11, 2023
1 min read

На 12. декември 2023 година со почеток во 20:00 часот во новиот простор Лабораториум премиерно ќе биде изведена претставата „Младоста последна умира“.

Дали и колку е возможно независниот уметник да се вклопи во веќе поставената и општо прифатена норма за тоа што еден млад човек треба да постигне пред да наполни 30 години? „Младоста последна умира“ во продукција на Пресврт е документарен проект, архива на разговори со актери која подлабоко ја истражува социо-политичката, економска и културна положба на младите луѓе од Македонија, кои се близу да наполнат 30 години. Како некоја бројка која означува почеток на нова декада истовремено оваа возраст означува исполнување на одредени очекувања во доменот на работата, личниот и фамилијарниот живот, како и осамостајувањето.

Овој проект зборува за нашето секојдневие, за нашата борба да ја преживееме младоста во Македониja или надвор од неа. Стоејќи на прагот, да ја преминеме границата на дефиницијата „млади“, ова е извештај за преживеаното и наученото. Ги отвораме прашањата на кои често и немаме одговор. Ова е претстава за нашиот систем на вредности, за културата што никогаш не ја сведочиме и за уметноста што можеби никогаш нема да ја направиме.

Актерската екипа составена од Ангела Стојановска, Јанка Лефкова, Лазар Христов и Никола Ристески ја истражува релацијата за тоа како културните политики влијаат врз нивниот кариерен развој и како тој го обликува нивниот приватен живот. Драматург на претставата е Ева Камчевска, а продуцент Петар Антевски.

Билетите, по цена од 400 денари се достапни во Лаб Кафе (Лабораториум).

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Следно

Британија ќе ти бара селфи пред да си пуштиш порно

Latest from Blog

Коњановски: Курбан Бајрам нека донесе мир, разбирање и напредок за сите граѓани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба. Во својата порака, Коњановски истакна дека

Кина вели дека договорот меѓу САД и Иран треба да заврши во ОН

Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив оптимизам во последните денови за напредокот во разговорите за прекин на конфликтот. Ванг рече дека Кина се надева дека сите вклучени страни ќе останат посветени

Петровска: Министерката за финансии бега од одговорност за задолжувањето со нејзиното неприсуство

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола
Go toTop