Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп

November 11, 2024
1 min read

Здружението на англиски фудбалски судии го суспендираше прволигашкиот судија Дејвид Кут (42) откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ги навредува Ливерпул и поранешниот тренер Јирген Клоп.

„Суспензијата стапува во сила веднаш, до завршување на истрагата. Нема да даваме дополнителни коментари додека процесот не заврши“, објави Здружението.

На видеото се гледа дека Кут користи погрдни зборови за Ливерпул и германскиот стратег

Не е јасно кога е снимено видеото и нејзината автентичност.

Се шпекулира дека видеото се однесува на мечот од Премиер лигата на кој Кут беше главен судија меѓу Ливерпул и Барнли во јули 2020 година, а кој заврши нерешено 1-1. Клоп по натпреварот јавно го критикуваше Кут, обвинувајќи го дека не ги казнувал прекршоците врз играчите на Ливерпул.

Кут е премиерлигашки судија од 2018 година, а минатиот викенд го водеше натпреварот помеѓу Ливерпул и Астон Вила (2-0).  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Законот за правична застапеност на Вреди е готов – Ибрахими уверува дека Албанците нема да бидат дискриминирани

Следно

Протест пред Владата на Србија: Се бараат оставки по трагедијата во Нови Сад

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop