Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика

March 15, 2024
1 min read

Дуелот од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром, кој беше прекинат вчера поради вербален напад врз гостински кошаркар од службено лице на домашниот тим, ќе се доигра во празна сала, со време и резултат од моментот на прекинот, одлучи денеска комесарот за натпревари на КФСМ.

Натпреварот во салата во Чаир во рамки на 20-то прволигашко коло беше прекинат на полувреме при резултат 44-42 за актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Поради слаба организација на натпреварот, домашниот тим Чаир е казнат со 40.000 денари, а на техничкиот директор на клубот Алајдин Мустафа му е изречена парична казна во износ од 20.000 денари, како и забрана за вршење на должноста до крајот на тековната сезона.

Воедно, поради предизвикување прекин подолг од 15 минути, на МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 30.000 денари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОСКАРОВКАТА ЖИЛИЕТ БИНОШ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА

Следно

Дијаспората нема да гласа за парламентарните избори, поради слабиот интерес

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop