Прекин во електричната енергија: Невреме со обилен дожд, силен ветер и електрични празнења го зафати Дебарско

November 22, 2024
1 min read

Вечерва, Дебарско беше зафатено од невреме со обилен дожд, силен ветер и електрични празнења, што доведе до прекин во напојувањето со електрична енергија на целото дебарско конзумно подрачје.

– Причина за прекинот беше испадот на 35 киловолтна доводна склопка на регулационен трансформатор во Хидроелектраната „Шпилје“. Екипите на ХЕС „Црн Дрим“ успешно го решија проблемот за кратко време и покрај лошите временски услови во поширокиот дебарски регион, изјавија за МИА од ЕСМ.

Повеќе од еден час без струја беа потрошувачите од конзумното подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

– До сега нема пријавени штети, сообраќајот во регионот се одвива по влажни коловози, но се препорачува голема внимателност поради честите одрони од камен и земја. Екипи на дебарската секција на јавното претпријатие за одржување на регионални и магистрални патишта се постојано на терен во расчистување на истите, рече за МИА, Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Радев: Не гледам дека на Бугарија и се заканува уставна криза

Следно

Хусите тврдат дека погодиле воена база во јужен Израел со хиперсонична балистичка ракета

Latest from Blog

УБИЕН ВТОРИОТ ЧОВЕК НА Исламска држава, соопшти Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските сили и Вооружените сили на Нигерија извеле заедничка операција во која е убиен, како што наведе, второрангираниот во глобалната структура на Исламската држава, Абу-Билал

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.
Go toTop