Преговорите за прекин на огнот во Газа дојдоа во ќор-сокак бидејќи Израел ги повлече преговарачите од Катар

March 26, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Индиректните разговори во Катар меѓу Израел и палестинската група Хамас влегоа во ќор-сокак, јавуваат израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Израелскиот „Канал 12“ соопшти дека Владата го отповикала својот преговарачки тим од главниот град на Катар, Доха.

„Израел нема да потклекне на заблудните барања на Хамас“, се вели во соопштението од Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Од Кабинетот на Нетанјаху го обвинија Хамас дека „не е заинтересиран за продолжување на разговорите“ откако наводно го отфрлил компромисот со посредство на САД.

Хамас вчера соопшти дека сè уште се држи до првичниот предлог претставен пред две недели за прекин на огнот во Газа. Палестинската група рече дека одговорот на Израел на предлогот за прекин на огнот не ги исполнил палестинските барања.

Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел на Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и затвореници со Тел Авив.

Израелска делегација двапати го посети Катар во изминатата недела за да преговара за можна размена на затвореници со Хамас и за прекин на огнот во Газа, но не е постигнат напредок.

Израел спроведе смртоносна воена офанзива на палестинската територија по прекуграничниот напад на Хамас, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Најмалку 32.414 Палестинци оттогаш се убиени, а 74.787 други се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Советот за безбедност на ОН вчера донесе резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа за време на исламскиот свет месец Рамазан.

Додека Хамас ја поздрави резолуцијата, Израел го отфрли повикот за прекин на огнот и вети дека ќе ја продолжи својата војна против палестинската енклава.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Законот за рестриктивни мерки, ќе го чека следниот парламентарен состав

Следно

Откриено зошто бродот удрил во мостот во Балтимор

Latest from Blog

Божиновска на натпреварот за зелени иновации: Младите се двигатели на промените

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека младите се најголемата енергија за зелената транзиција и двигатели на современиот и одржлив развој на државата. На Националниот натпревар за најдобар

Вкупен промет од 13.387.962 денари, со доминација на Комерцијална банка во дневната ликвидност

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 07.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.946,43 поени, со дневен пад од 0,18%, односно -17,58 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп, каде лично им го честиташе празникот на полициските
Go toTop