Преголема е пасивноста и инерцијата на обвинителствата и неефикасноста на судовите

September 23, 2025
1 min read

Дали чекањето вистинска и ефективна работа од обвинителствата и судовите е нешто слично на чекањето на Годо?

 

Чекаме и никако да дочекаме агилност, иницијатива и засилена активност на јавните обвинителства(Државно, организиран криминал, скопско и вишото во Скопје). Многу се троми, ексофицио постапувањата(по чуен глас) им се еднакви на нула. Не, нема и нема резултати. Наместо да откриват криминал и сторители на истиот тие премногу се бават со самите себе, со византиските игри во овие институции, а кога ќе чујат зголемување на плата – да сите се за тоа, па дури и за плати од 5000 евра. Каква лакомост, невидена незаситност за пари.

Мојата оценка за работата и резултатите на овие обвинителства е многу негативна. Воопшто не покажуваат јавно обвинителска решеност за истражување, откривање и гонење на сторениот организиран криминал во Република Македонија. Истото се однесува и за сторителите на тој и таков криминал. Нивното процесуирање е многу бавно, неефикасно па дури не покажуваат ниту почетни резултати.

Како држава и општествена заедница мораме да расчистиме докрај со високо профилните кривични предмети кои долго време се во јавнообвинителска обработка(скриене во некои фиони или по старински јавнообвинителски долапи). Мислам на институционалната корупција и организираниот криминал сторени од високо позиционирани политичари(без разлика која е нивната политичка профилација), припадници на бизнис секторот и луѓе од македонското криминално и мафијашко подземје. Без тоа нема одење напред во смисла на развој на демократијата и плурализмот, нема раст на економијата и заштитата на човековите права е на многу ниско ниво.

За таа цел потребна ни е јуридизација на политиката-ставање на политиката во законски рамки. И што е уште поважно, секое излегување од тие законски рамки, да биде соодветно казнето. А за такво нешто ни требаат промени во обвинителството и судството. Неопходни ни се нови обвинители со ефикасна јавно обвинителска експертиза и нови судии – стручни, објективни и со судска етика. Тоа значи “на клоци“ да ги истераме кронизмот, непотизмот и корупцијата од обвинителствата и судовите, за da се направи место на чесноста, дигнитетот и совеста од една страна, и за стручноста, непристрасноста и објективноста, од друга страна. Ако ова го постигнеме, тогаш и не е битно дали ќе дојде јавнообвинителскиот и судски Годо, бидејќи ќе им се израдуваме на право, законие, правда и правдина, во вистинска смисла на зборовите.

 

Сотир Костов

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола го подигнува квалитетот на образованието со модерна опрема

Следно

Месечината е во Вага: 3 знаци донесуваат одлука што ќе промени сè

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop