Прегазени тројца пешаци за неколку часа во Скопје

April 12, 2023
1 min read

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани две сообраќајни незгоди во Скопје, при што со повреди се здобиле тројца пешаци.

Најпрво во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(57) од с.Долно Лисиче, удрило во пешакот Ј.Т.(37) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Потоа во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(52), удрило во пешаците Љ.С.(79) и И.Т.(61), двајцата од с.Визбегово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци и возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Египетскиот министер за надворешни работи, Шукри, утре во официјална посета на Туркије

Следно

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop