„Предложи! Вистинската идеја за вашата општина“: Заедно со граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прави програмите за локалните избори

August 26, 2025
1 min read

Многу пати до сега, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека го слуша гласот на народот, нивните идеи и предлози ги преточува во реализирани проекти. Така и сега, во пресрет на локалните избори кога ВМРО-ДПМНЕ е во процес на подготовка на изборните програми за градоначалниците ширум државата, истите ќе ги прави заедно со граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од среда, 27 август започнува седумдневна теренска акција „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“, која ќе трае до среда 3 септември. Од граѓаните ќе се собираат идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Акцијата ќе се одвива во сите општини, во временски период од 17 до 21 часот, каде што на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови каде граѓаните на посебен формулар ќе имаат можност да ја напишат идејата која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истиот овој временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата, каде членовите на партијата и граѓаните, исто така, ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Освен директниот и непосреден начин, граѓаните ќе имаат можност, своите идеи и предлози за проекти, да ги поднесуваат и по електронски пат, на адресата: [email protected].

За анализата и преточувањето на идеите и предлозите во изборни проекти, ќе биде задолжен тим од ангажирани експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Задача и обврска на овие експерти ќе биде, потребите на граѓаните да ги преточат во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.

Нашите очекувања се масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив, нивните потреби и кои ги решаваат нивните проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ со народот, ги слуша неговите забелешки, потреби и идеи, велат од владејачката партија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Обвинителството има законска обврска да отвори предмет за Османи

Следно

Три хороскопски знаци ќе доживеат животни промени во септември

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop