Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ја помина владината процедура

August 27, 2024
1 min read

Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложено од Министерството за социјална политика, демографија и млади ја помина владината процедура и наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците.

Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИМ ВЕНДЕРС ЌЕ ДОБИЕ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА

Следно

„Ако треба да ја опишам ситуацијата овде – Целосна катастрофа“

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop