ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

April 13, 2026
1 min read

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае до вторник навечер, оставајќи во неизвесност повеќе од 50.000 патници.

Според проценките, штрајкот ќе приземји најмалку 80 проценти од планираните летови, пред сè од главните центри во Франкфурт и Минхен. Компанијата упати апел до сите патници да го проверат статусот на своите летови пред да тргнат кон аеродромите, нагласувајќи дека оние со откажани резервации ќе бидат дополнително информирани.

Причина за работниот спор е незадоволството на синдикатот од пензискиот план и работните услови. Од друга страна, раководството на „Луфтханза“ го оцени штрајкот како „апсурдна ескалација“, тврдејќи дека барањата за зголемување на пензиските програми се финансиски неостварливи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

Latest from Blog

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/ Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу
Go toTop