„Празниците ги креваат цените на пазарот“ – граѓаните незадоволни од мерките на државата

March 15, 2024
1 min read

На Меѓународниот ден на потрошувачите, купувачите се жалат дека цените на пазарот се менуваат секој пат кога наближуваат празниците, а според нив државата не ги заштитува ни кога има континуирано зголемување на цената на прехранбените производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека треба да се зголемат капацитетите на инспекциските институции во земјава со единствена цел примена на законските решенија со кои се заштитуваат потрошувачите.

„Имаме законско решение кое е речиси целосно усогласено со она на ЕУ, и речиси сите директиви на ЕУ се имплементирани, останува да ги зголемиме капацитетите на инспекциските институции во земјата со единствена цел да ги имплементираме законските решенија на фер начин и тоа ќе даде можност да се заштити потрошувачот“, рече Бектеши.

Меѓународниот ден на потрошувачите е насочен кон заштита на потрошувачите и одржување на здравјето и безбедноста на потрошувачите, како и заштита од какви било нефер практики на трговците.

Авни Тахири

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што со компаниите кои обезбедија лиценци за игри на среќа?

Следно

За дрога уапсени двајца полицајци во грчкиот град Игуменица, кај едниот пронајдени над 100 килограми канабис

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop