Прашај го градоначалникот: Стефковски објави нова алатка за комуникација со граѓаните

January 24, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека од денеска (24.01.2023), па секој нареден вторник од 18.00 до 20.00 часот, секој граѓанин ќе добие можност да постави прашање до него.

Денеска во 18.00 часот ќе го објави линкот под кој секој граѓанин ќе има можност да постави прашање, а целта на алатката е да го слушне секој проблем или мислење на граѓаните.

– Мојата водилка при кандидирањето за градоначалник на општина Гази Баба беше можноста да помагам на граѓаните и да се обидам да решам што повеќе проблеми. Општината, градоначалникот и администрацијата се сервис на граѓаните и постојат за граѓаните. Заедно со Вас, мои сограѓани ја градиме Гази Баба во модерна, урбанистички развиена и еколошка општина, информира Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Зимските туристички центри – жртви на долготрајните високи температури и суша во земјава

Следно

И БСП не успеа да состави влада: Бугарија ќе оди на нови парламентарни избори, петти во две години

Latest from Blog

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Николоски: Од 1 мај директни летови Скопје–Тиват, двапати неделно

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната

Министерство за енергетика: Зајакнат инспекциски надзор и јавно достапни податоци за концесиите

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини презема конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во
Go toTop