Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

September 15, 2025
1 min read

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок.

На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за да интервенираат доколку има потреба.

Ангелов информира дека е драстично подобрена состојбата и во депонијата Дрисла.

– Останува да биде дозатрупан уште една мал дел. Очекувам во текот на попладневните часови да биде целосно затрупано местото кое овие денови чадеше. На тој начин се целосно затворени двата пожара, изјави директорот на ДЗС и изрази благодарност до скопските пожарникари и до сите други кои учествуваа во справувањето со пожарите.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ММА спектакл во Скопје под генерално покровителство на Министерството за спорт

Следно

Кој ден во неделата е идеален за прв состанок?

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop