Пожарот на Родос сè уште активен, превентивно евакурирани над 19 000 туристи и локалци

July 23, 2023
1 min read

Најголемиот дел од евакуираните, односно 16 000 лица, со возила биле евакуирани по копнен пат и пренесени на безбедни локации. Останатите 3 000 лица, пак, биле евакуирани од островот по воден пат со чамци и бродови

Според дописничката на МИА од Атина, засега, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од македонската амбасада во Грција

Шумскиот пожар на грчкиот остров Родос, кој веќе шести ден е вон контрола, принуди илјадници туристи, но и локалци, да да ги напуштат домовите и хотелите во кои се сместени. Превентивно се евакуирани над 19 000 лица, што според грчките медиуми, е најголемата акција за евакуација на жители и туристи во Грција.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Најголемиот дел од евакуираните, односно 16 000 лица, со возила биле евакуирани по копнен пат и пренесени на безбедни локации. Останатите 3 000 лица, пак, биле евакуирани од островот по воден пат со чамци и бродови.

Според дописничката на МИА од Атина, засега, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од македонската амбасада во Грција. Дописничката дополнително информира дека амбасадорката на С Македонија во Грција е во постојан контакт со македонсктото МНР и со грчките надлежни институции.

Во меѓувреме, грчкото Министерство за надворешни работи ја активираше својата единица за управување со кризи за да им понуди помош на странците кои сакаат да ја напуштат земјата.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Пожарот на Родос пеплоса делови од густа шума откако избувна во вторникот во планинскиот регион.

Властите за цивилна заштита предупредија на многу висок ризик од шумски пожари во Родос и многу други области во Грција за денеска, бидејќи се очекува температурите да достигнат до 45 Целзиусови степени поради топлотниот бран кој ја зафати земјата. Метеоролозите за денеска најавуваат и силни налети на ветер, што може дополнително да ги отежни напорите на пожарникарите во борбата со огнените јазици.

Пожарите се вообичаени во Грција, но сè потоплите, посуви и ветровити лета ја претворија земјата во жариште за шумски пожари во последните години. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лажна е веста дека по предлог на партијата на Петков бугарскиот парламент ќе гласа декларација за Илинден

Следно

Еден загинат и осум повредени откако се урна дел од надвозник во близина на грчкиот град Патра

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop