Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција

May 16, 2023
1 min read

Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, во земјата ќе пристигнат тимови на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Романија и Словачка, кои ќе бидат лоцирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун и во Античка Олимпија на Пелопонез.

Целта, исто како и лани, ќе биде да им пружат помош на грчките пожарникари во гаснењето пожари, како и размената на знаење.

Конкретната програма лани беше пилотски имплементирана со учество на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Норвешка, Романија, Финска, а од надлежното Министерство велат дека успешното спроведување беше едногласно признаено на состанокот на министрите на Европската унија во септември минатата година.

Па така, била донесена одлука за продолжување и проширување на програмата, а европски пожарникари освен во Грција, ќе бидат лоцирани и во Франција и Португалија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кремљ: Oдлуката за црноморскиот договор за жито ќе биде објавена тогаш кога ќе биде донесена

Следно

Топ 50 организации на индустријата за цензурирање

Latest from Blog

Алкалоид избори полуфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид вечерва испишаа историја со пласман во своето прво европско полуфинале. Во салата Автокоманда во Скопје, домаќините забележаа победа против Баја Маре од Романија со 32:25 во реваншот од четвртфиналето

24 интервју со Илија Блажевски: Што имаат да кажат младите за неказнивоста, импровизациите, отсуството на правда и случајот со дискотеката на смртта во Кочани?

Што имаат да кажат младите за неказнивоста, импровизациите, отсуството на правда и случајот со дискотеката на смртта во Кочани? На оваа тема разговараме со Илија Блажевски, дипломиран на факултетот за безбедност и

БРАВО: Дејан Георгиевски освои злато за Македонија

Македонскиот таеквондист Дејан Георгивески освои златен медал на турнирот Скопје ОПЕН Г1 2025. Со овој медал Македонецот освои нови значајни бодови на патот до освојување на олимписка норма за Олимпијадата во Лос

19 километри незавршени: Одронот на земјиште дополнително ја одложува изградбата на патот Кичево-Дебар

Патот Кичево-Дебар требаше да биде готов во 2015 година. По долго одложување, рокот првично беше одложен за ноември 2023 година. Потоа во 2024 година надлежните соопштија дека се работи за неколку месеци.
Go toTop