Пожари во Скопје и Битола, 1.588 повици за 24 часа до ЦУК

May 6, 2024
1 min read

Два пожара на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Еден пожар во Скопје, друг во Битола, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите на Град Скопје од вчера во 14:10 до 15:10 часот гаснеле запалено ѓубре на улицата „Скупи“ во општина Карпош, на површина од 500 метри квадратни. Интервенцијата ја извршиле со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Битолските пожарникари вчера од 14:11 до 15:15 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена дива депонија во населбата „Баир“.

– Вкупно 1.588 повици се регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ – 54,85 отсто, а 45,15 проценти – за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 61,03 проценти, кон Итната медицинска помош – 35,66 отсто, кон пожарникарите – 1,84 проценти, а кон АМСМ – 0,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во денешното соопштение.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Следно

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop