Пожари во Јужна Франција, евакуирани 2.000 луѓе, предизвикана материјална штета

August 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Шумски пожари синоќа зафатија речиси 500 хектари земјиште во Јужна Франција, поради што се евакуирани над 2.000 луѓе и оштетени се куќи, објавија денес надлежните, јавува Анадолу.

Пожарите се проширија низ туристичките места во департманот Пиринејски Ориентали на Медитеранот, соопштија надлежните од департманот на платформата X, порано позната како Твитер.

Зафатени се гратчињата Сореде, Сен-Андре и Аржелес-сур-Мер, додадоа надлежните, објаснувајќи дека пожарот се проширил претежно во туристичките области.

Властите евакуираа 2.000 луѓе од две резиденцијални подрачја и четири области за кампирање во градот Сен-Андре, каде што куќите и другите објекти се сериозно оштетени.

Во пожарот нема загинати, нагласија од департманот и додадоа дека огнената стихија била изгасната околу 03:00 часот по полноќ со напорите на над 650 пожарникари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Цистерна со цемент експлодира во Белград

Следно

Навивачите на АЕК со порака до УЕФА: Исфрлете ги нацистите од фудбалот!

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop