Повторно оштетен мостот што ги поврзува Крим и Русија – двајца загинати

July 17, 2023
1 min read

Неофицијални извештаи говорат дека рано наутро се слушнале две експлозии

Архива: На мостот во октомври лани се случи голема експлозија поради што беше делумно затворен / Photo: EPA-EFE/RUSSIAN INVESTIGATIVE COMMITEE

Две лица загинаа на мостот што го поврзува анектираниот полуостров Крим и Русија. Руските власти првично ова не го нарекоа напад туку, како што соопштија, „вонредна состојба“.

Сепак, како што пренесува Би-би-си, според непотврдени информации денеска рано наутро се слушнале две експлозии.

Шефот на руската администрација на Крим, Сергеј Аксјонов, на Телеграм објави дека сообраќајот бил запрен и оти се случила „вонредна состојба“.

„Се преземаат мерки за обновување. Ги замолувам жителите и гостите на полуостровот да се воздржат од патување преку мостот и од безбедносни причини да изберат алтернативен копнен пат“,

наведе тој.

Гувернерот на западниот руски регион Белгород подоцна соопшти дека две лица, родители на млада девојка загинале во инцидентот што тој го карактеризираше како „итен случај“.

Се огласи и руското Министерство за транспорт кое наведе дека не биле оштетени потпорите на мостот туку дека е зафатена само површината на патот.

Мостот е клучна сообраќајница што патно и железнички ги поврзува Крим и Русија. Тој беше отворен во 2018 година, а од почетокот на руската инвазија во Украина веќе беше нападнат – во октомври лани се случи голема експлозија поради што делумно беше затворен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Давид Де Хеа се сели во Шпанија

Следно

И „Вајмарската тројка“ доаѓа во земјава да разговара за преговорите со ЕУ и уставните измени

Latest from Blog

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.
Go toTop