Повреден пожарникар во пожар во магацин за полиестер во Врапчиште

February 16, 2025
1 min read

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, од 00:45 часот со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во с.Неготино (опш.Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен.

Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот.

Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сеуште има жар и чад поради што ТППЕ Гостивар сеуште се на терен.

Не се познати причините за настанување на пожарот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гешоска: Кај нас постои страв од независен културен сектор и од политична и критичка култура

Следно

Сенегалскиот бенд „Нгевел ритме“ ги обединува сите ударни инструменти во земјата

Latest from Blog

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop