Повеќето Американци се против планот на Трамп за „преземање“ на Газа

February 13, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Најновата анкета покажа дека 64 отсто од Американците се против предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го „преземат“ Појасот Газа и да го претворат во она што тој го нарече „ривиера на Блискиот Исток“, јавува Анадолу.

Значителен дел од испитаниците изразиле силно противење, при што 47 отсто изјавиле дека „силно“ се противат, а 17 отсто изјавиле дека се „донекаде“ против овој план, покажува истражувањето спроведено од прогресивниот тинк-тенк и агенција за анкети „Data for Progress“.

Кај демократските гласачи, 85 отсто се против оваа идеја, а 43 отсто од републиканците, исто така, не ја поддржуваат. Од друга страна, 46 отсто од републиканските испитаници изразиле поддршка за предлогот.

Анкетата, која опфатила 1.200 испитаници низ САД, открива дека ваквиот план би вклучувал „присилно преселување“ на околу 1,8 милиони Палестинци, кои моментно живеат во Газа, во соседните земји.

„Силно мнозинство од гласачите се против тоа САД да преземат контрола врз Газа и да го раселат нејзиното палестинско население“, се наведува во извештајот на „Data for Progress“.

Предлогот на Трамп за присилно раселување на Палестинците, кој е одбиен од Палестинците и поширокиот арапски и муслимански свет, доаѓа во време на кревок прекин на огнот што стапи на сила во Газа на 19 јануари, по повеќе од 15 месеци израелски напади во кои животот го загубија над 48.200 лица и ја оставија енклавата во урнатини.

Израел со години одржува блокада врз Газа, претворајќи ја во „најголем отворен затвор во светот“.

Речиси два милиона од нејзините 2,3 милиони жители се принудно раселени од почетокот на војната, по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година, кои се соочуваат со акутен недостиг на храна, вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ изрече казни од 82.000 евра за големите ланци на маркети

Следно

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop