Повеќе од 6 000 последователни потреси по разорниот земјотрес во Турција и Сирија

February 19, 2023
1 min read

Од земјотресот на 6 февруари, регистрирани се потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив беа со јачина од 5 степени, соопштија турските власти

Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди граничната област меѓу Турција и Сирија на 6 февруари беше проследен со повеќе од 6 000 последователни потреси, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Од земјотресот на 6 февруари, регистрирани се потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив беа со јачина од 5 степени, рече Орхан Татар, шеф на Агенцијата.

Според него, потресите на земјата се очекува да продолжат и дополнително да му наштетат на „трауматизираното локално население“.

Тој ги повика луѓето во погодените области да се држат настрана од оштетените згради, додавајќи дека властите ја проценуваат штетата на стратешката инфраструктура, вклучувајќи ги браните и тунелите.

Според последните податоци, во земјотресот загинаа повеќе од 46 000 луѓе, околу 105 000 згради се уништени и оштетени, а десетици илјади луѓе во југоисточна Турција сега се без покрив над главата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Имам ставил цвеќе од џамијата на аукција, парите ги донира на погодените од земјотресот

Следно

РОМАНИЈА ДВА ПАТИ СЕ СТРЕСЕ – два земјотреса за три минути

Latest from Blog

Итно затворен аеродромот во Загреб поради инцидент при слетувањето на авион

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб е затворен за сообраќај до понатамошно известување. Напнатата ситуација се одвиваше во неделата кратко по 15 часот на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб, но за среќа никој

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Со завршни зборови на обвинителството, во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатото рочиште заврши доказната

„Израелската армија интервенираше врз ‘Мадлин’, прекинат е контактот со бродот“, објави Коалиција „Флотила на слободата“

ИСТАНБУЛ (АА) – По интервенцијата на израелската армија изгубен е контактот со бродот „Мадлин“, кој тргнал да достави хуманитарна помош во Појасот Газа. На бродот се наоѓаа 12 активисти за човекови права,
Go toTop