Повеќе од 140.000 лица во Истанбул го посетија турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека повеќе од 140.000 лица го посетија најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“, кој на почетокот на април ѝ беше испорачан на Турската воена морнарица, известува Анадолу.

Воениот брод „ТЏГ Анадолу“ на 10 април се закотви во истанбулското пристаниште Сарајбурну, каде што беше отворен за посетителите.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека бродот го напушта Истанбул и отпловува за Измир, каде што ќе се закотви на 3 мај.

Туркије е една од 10-те земји што дизајнираат, развиваат и сами ги одржуваат сопствените воени бродови.

Изградбата на воениот брод „ТЏГ Анадолу“ започна во април 2016 година и заврши годинава. Околу 70 % од воениот брод се изградени со локални капацитети.

Бродот „ТЏГ Анадолу“ може да префрли единици со големина на баталјон на одредени локации со сопствена логистичка поддршка, без потреба од поддршка на матичната база. Изграден е во истанбулското бродоградилиште Седеф. Овој брод може да транспортира хеликоптери, дронови, копнени возила, лесни воени пловила и персонал.

Воениот брод „ТЏГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метра, а може да транспортира товар од околу 27.000 тони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Арсовска во посета на спортските терени во паркот Сарај

Следно

САД: Над 20.000 руски војници загинаа во војната во Украина од декември досега

Latest from Blog