Арсовска во посета на спортските терени во паркот Сарај

1 min read

Спортскиот Центар Сарај во минатото беше едно од најпосетените излетнички места за скопјани, а со неговата реконструкција се враќа во својот полн сјај.

Градот Скопје информира дека во континуитет вложува во нови спортски содржини за сите свои граѓани со цел создавање навики за спортување и здрав живот кај сите генерации.

-Ги посетивме спортските терени во паркот Сарај, кои екипите на Град Скопје во соработка со општина Сарај, ги реконструираат. Со реконструкција на шест спортски игралишта во паркот и дополнителни четири спортско рекреативни содржини се враќа убавината на ова познато излетничко место. Екипите на Градот работат и на оформување на нови пристапни патеки до спортските терени и на реконструкција на останати содржини во паркот, соопшти Град Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

(ВИДЕО) Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во голем верижен судир во САД

Следно

Повеќе од 140.000 лица во Истанбул го посетија турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“

Latest from Blog