Повеќе од 10.000 Романци на проевропски митинг во Букурешт

March 16, 2025
1 min read

Над 10.000 лица синоќа се собраа на Плоштадот на победата во Букурешт на проевропски митинг за поддршка на „почитувањето на европските вредности“.

„Секоја желба Романија да се оддалечи од Европската унија би се совпаднала со директно свртување кон Руската Федерација, а тоа би ги поништило децениските напори на милиони Романци за демократија и просперитет, за слобода и еднакви можности“, објави проевропската група „Евроманифест“, која е еден од организаторите на состанокот.

 Затворени беа неколку улици и воведени беа ограничувања во сообраќајот, јави романскиот портал Диги 24.

Демонстрантите формираа срце од сини листови како знамето на ЕУ, кое го осветлија со своите мобилни телефони.

Во заднината се слушаше „Ода на радоста“, химната на ЕУ, а толпата скандира „Европа-Европа“.

Повеќе од 200 луѓе со знамињата на Романија и на Европската унија учествуваа на митингот „Евро манифест“ во романскиот град Јаши, извикувајќи, меѓу другото, „Демократија, а не тиранија“, „Не на екстремизмот“, „Романија е паметна, ние не гласаме за екстремната десница“, „Сакаме да бидеме во Европа, а не во средниот век“, „Путин сака да не подели, Европа не поддржува“.

Протестот траеше повеќе од еден час и заврши без инциденти.

 Во близина на демонстрациите се идентификувани поддржувачите на Калин Ѓорѓеску, кандидатот на екстремната десница на минатогодишните претседателски избори во Романија, соопшти жандармеријата, која исто така апелираше до учесниците на демонстрациите да не одговараат на провокациите на политичките противници.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

По трагедијата во Кочани изјава на министерот за внатрешни работи Тошковски

Следно

Марта Кос изрази длабоко жалење за страшната трагедија во Кочани

Latest from Blog

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли
Go toTop