Поведена постапка против скопјанец – возел пијан и предизвикал сообраќајка при што биле повредени и две бебиња

August 9, 2025
1 min read

Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола. Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево  и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „Шкода“.

Од незгодата со полесни повреди се  здобиле возачот и четворица сопатници од возилото “Шкода”, меѓу кои две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.

ФОТО: Архива

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија во Охридското Езеро: пронајдено телото на бугарски нуркач кај Трпејца

Следно

Меџити најавува цврсти мерки за развој на Чаир: „Половични решенија не доаѓаат предвид“

Latest from Blog

Шефот на украинската дипломатија воспостави контакт со идната унгарска министерка Анита Орбан

 Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, изјави дека воспоставил контакт со идната унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, нагласувајќи ја подготвеноста на Киев за „нова страница“ во односите со

Еколошката цена ја плаќаме преку загаден воздух, небезбедна вода, преполни депонии и силни климатски промени

Со едукативни активности во училиштата и со пораки за подигнување на јавната свест, и годинава беше одбележан Денот на планетата Земја. Иако светот зборува за зелена транзиција и одржлива иднина, Македонија и
Go toTop