Потврдена четвртата последователна победа на коалицијата предводена од Рама на албанските избори

May 13, 2025
1 min read

Четврти последователен мандат за Еди Рама и најубедлива победа за социјалистите по падот на комунистичкиот режим. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, владеачката социјалистичка партија освои 82 мандати, со предност од 230 илјади гласови во однос на најблискиот ривал.

Најдобри резултати има во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан. Единствена партија со која коалицираше Еди Рама е Македонска алијанса за европска интеграција, кои очекуваат од законодавниод дом, да ги бранат интересите на македонците во Албанија.

„Нашиот главен фокус пред се е економски развој на областите каде штои живеат Македонците во Албанија, не само во делот на Мала Преспа и Голо Брдо.“ – Васил Стерјовски Македонска алијанса за европска интеграција.

Рама, кој е на власт од 2013 година, беше фаворит за победа, но убедливиот резултат ги изненади аналитичарите кои очекуваа дека внатрешните судири ќе го намалат неговото водство. Третиот мандат на Албанскиоит премиер, покрај напредокот на патот кон Европската Унија, го одбележаа и серијата протести поради наводната репресија врз опозицијата, апсењето на Сали Бериша, но и неколкуте корупциски скандали.

„Неговата Социјалистичка партија беше многу добро подготвена и неговата партија ја злоупотребуваше јавната администрација: Од друга страна, опозицијата е премногу поделена, и поради тоа, Рама постојано го зголемува своето влијание во парламентот.“ – Луфти Дервиши аналитичар.

Коалицијата „Алијанса за величествена Албанија“ , предводена од поранешниот премиер и претседател Сали Бериша обезбеди 52 мандати или 34,5% од гласовите. Постигнаа добри резултати во северот на државата, но беа засенети во остатокот од земјата.

Според Меѓународните набљудувачи, изборите поминале генерално мирно, иако биле забележани случаи на злоупотреби. Сепак од ОБСЕ велат дека и покрај напредокот, на земјата и треба сеопфатна изборна реформа.

„Иако овие избори беа добро организирани, нашите долгорочни набљудувачи беа сведоци на широко распространето заплашување и злоупотреба на јавните ресурси за време на кампањата.“ – Ламберто Заниер, раководител на една од набљудувачките мисии на ОБСЕ.

Од останатите партии и коалиции, место во законодавниот дом обезбедија Социјалдемократската партија на Том Доши која ќе има три пратеници, додека пак коалицијата „Иницијатива Албанија станува“ и Движењето „Заедно“, ќе имаат по еден пратениик.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина

Следно

КАН ОТВОРА СО ЅВЕЗДЕНОТО ЖИРИ НА БИНОШ И ЗЛАТНАТА ПАЛМА ЗА РОБЕРТ ДЕ НИРО

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop