Последни пратенички прашања за годинава – Јанушев: Зошто се чекало за истрага за возилото?

December 28, 2023
1 min read

реклама


Истрагата поврзана со двократното убиството на 14-годишната Вања и велешанецот Жежовски беше темата за првото пратеничко прашање. Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека истрагата не се водена кредибилно и постави прашања до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како не било откриено возилото на Жежовски со кое била киднапирана Вања.

„Истото возило кое е најдено опожарено на 27.11. а објавата, односно барањето за потрага по возилото замислете е направено истиот ден на 27.11. во 19 часот и 9 минути. Цел ден по пронаоѓање на опожареното возило еве го и тој доказ. Зошто Спасовски се чекало речиси четири дена за да се почне во потрага по возилото на Панче. Дали со непостапувањето токму на вас и на МВР дојде и до втората ликвидација“, порача Игор Јанушев.

реклама

Министерот Спасовски одговори дека истрагата е изведена професионално со што за една недела е откриено убиството на малата Вања. Настапот на Јанушев го оцени како политички памфлет а него лично како човек без кредибилитет бидејќи тој има судски постапки во кој е условно осуден.

„Ефикасноста на Министерството за внатрешни работи за 6 дена да го заврши сето ова кое што се случи и да бидат откриени сторителите е ефикасност која што не можете да ја негирате никако. Ниту со било какви политички памфлети. Кога сме кај кредибилитетот го покажувате од моментот кога можете да се амнестирате со Кривичниот законик. До тогаш бевте тивки“, вели Оливер Спасовски.

реклама

Опозициските пратеници поставија прашање и околу откупот на тутунот. Според Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека откупот се одвива хаотично а тутунопроизводителите не се задоволни од откупната цена. Премиерот Ковачевски ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека годинава субвенциите за земјоделците се највисоки досега и дека за 10 проценти е зголемена цената на тутунот при откупот.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈСП ги потсетува корисниците да ги продолжат билетите за бесплатен превоз во 2024 година

Следно

Калајџиев: Не може повеќе вака!

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop