Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“

December 14, 2023
1 min read

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција вечер ја организираат четвртата и последна гала филмска вечер за оваа година со проекција на филмот „Повторно родена“ во 20 часот, во кино „Милениум“.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер.

Филмот е дело на режисерот Седрик Клапиш, а во главните улоги играат Марион Барбо, Хофеш Шехтер, Дени Подалидес.

Седрик Клапиш прави грандиозно враќање во филмската индустрија, снимајќи ги телата во движење со уникатна флуидност: гледачот е понесен од животната сила на една млада жена која наоѓа храброст да си даде уште една шанса, ќе напише за филмот Le Journal du Dimanche

Според Franceinfo Culture, ова е еден од најдобрите филмови на овој режисер, визуелна уметност во секој кадар.

Од овој филм се заминува со широка насмевка и ведрина во душата, ќе наведе и дневниот весник „20 Minutes“.

Француското неделно списание Télé 7 Jours, за „Повторно родена“ пишува: „телото додека се движи, дури и да боли, значи живот – ова ни го доловува овој лесен филм за човештвото“.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршена постапката за набавка на налепници со новата ознака на возилата

Следно

Аргентина нема веќе пари, ќе се оди на шок терапија

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop