После серијата „Сексот и градот“, Ѕверката го следат сериозни обвиненија и уништен углед

January 15, 2026
1 min read

Крис Нот, актерот познат по култната улога на Ѕверката во популарната серија „Сексот и градот“ (Sex And The City), со години важеше за еден од омилените холивудски заводници, но последниве години неговата кариера и репутација се значително нарушени. Се започна во 2021 г. кога неколку жени го обвинија за сексуално злоставување, што тој тогаш постојано го негираше. Како резултат на овие обвиненија, Нот изгуби бројни улоги и профитабилни договори со одредени брендови, а неговиот професионален живот значително се промени.

И неговото заминување од серијата „The Equlizer“, каде тој го игра ликот на Вилијам Бишоп, поранешен директор на ЦИА кој води приватна агенција, е последица на тие скандалозни обвиненија.

Во серијата „И едноставно така“ (And Just Like That…), која следеше како продолжение на култната серија „Сексот и градот“, тој е „убиен“ во првата епизода, со што симболично е означен крајот на неговото присуство во оваа франшиза. За неговото заминување и контроверзиите што следеа се огласија и главните ѕвезди на „Сексот и градот“, кои на различни начини се осврнаа на случувањата и промените во серијата.

Многу не растажија обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои ги споделија своите болни искуства, знаеме дека е многу тешко јавно да се излезе со тоа и им се восхитуваме – порачаа тие преку заеднички „твит“.

Извор за Page Six раскажува:

Крис ја загуби секоја работа што ја доби, но никогаш не добил тужба и не е покрената казнена пријава. Една од тие жени да отишла во полиција, власта би имала обврска да истражи без оглед на тоа што можеби случајот е застарен. Но ништо од тоа не се случило. Генерално, и кога нема полициски извештај или граѓански тужби, тоа не е доказ дека обвиненијата се лажни. Има бројни причини зошто обвинителите не поднесуваат тужби и не пријавуваат во полиција.  

Крис Нот, меѓутоа, призна дека ја изневерувал својата сопруга Тара Вилсон, со која е во брак од 2006 г., по што обвиненијата станаа јавни, а сопругата го напушти. Сепак тие успеаја да ги решат несогласувањата и да го сочуваат бракот. Парот денеска заедно ги одгледува синовите Орион (17) и Китс (5).

Во меѓувреме, Нот се обидува да се врати во филмот „The Block“, но веднаш на почетокот од годината предизвика негодување во јавноста со своите коментари кон бившата телевизиска партнерка Сара Џесика Паркер. Таа неодамна ја освои престижната награда „Керол Барнет“ за исклучителниот придонес во телевизијата, а Нот на Инстаграм објави фотографија на која крева тегови со опис:

Да ти’*ам новата година, одиме!

Еден од неговите следачи напишал: „Мислиш, да ти ‘*ам Сара Џесика Паркер и наградата, така? На што Нот отворено одговорил: „Така е“.

Ваквата размена на коментари не помина незабележано, а реакциите на публиката покажуваат дека неговиот обид за „големото враќање“, не се со воодушевување, туку со критика.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал

Следно

Јаревски: Самоизолацијата на СДС од лидерската средба е типично бегање од одговорност во недостиг на легитимитет, кредибилитет и решенија

Latest from Blog

Петнаесет години од објавувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник “Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник “Илинден“ е весник на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Македонскиот весник “Илинден“

Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар, во она што би бил прв ирански ракетен напад врз Европа

– Прилично сме сигурни дека тие не беа насочени кон нашите бази – рече Хили во интервју за Скај Њуз. Велика Британија има две големи суверени базни подрачја на Кипар. Истовремено, „тоа

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнов

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука

Познато е кој ќе профитира: Ова е планот на ФИФА ако Иран се откаже од Мундијалот!

фото: Football Tweet (X) Иран „многу веројатно ќе се повлече од Светското првенство“, според иранските медиуми. Веста ја објави „Техеран тајмс“, како и бројни светски портали. Иран се квалификуваше за Светското првенство
Go toTop