Посен чипс од јаболка

April 8, 2024
1 min read

Чипсот од јаболка е посна и здрава закуска во која можете да уживате без грижа на совест. Најважно е да знаете дека сте го направиле сами, а не е полн со нездрави состојки за да го одржувате свеж.

Состојки:
– 2 јаболка
– масло
– 1 лажичка цимет

Подготовка:
За да подготвите посен чипс од јаболка, прво загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех со хартија за печење. Јаболката исечкајте ги на парчиња со дебелина од 3 до 6 мм.

Наредете ги јаболката на плехот. Парчињата премачкајте ги со масло, а потоа посипете ги со цимет.

Печете 30 минути, вртејќи ги парчињата, додека не поруменат. Оставете го чипсот да се излади на собна температура. Уживајте во посниот чипс од јаболка!

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ ПРЕСТРАШИВ КОГА СЕ ВИДОВ ВО ОГЛЕДАЛО: Цеца призна дека се кае поради оваа корекција на себе, никогаш повеќе нема да ја направи оваа грешка! (ФОТО)

Следно

Дачиќ: Јас сум за смртна казна

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop